Рјабков: Од администрацијата на Бајден Русија не очекува ништо добро

пред 3 години

Москва не очекува ништо добро од администрацијата на новозибраниот американски претседател Џо Бајден, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

– Дефинитивно не очекуваме ништо добро. И би било чудно да очекуваме добри работи од луѓе, од кои многумина направија кариера врз основа на русофобија и фрлија кал врз мојата земја, изјави Рјабков во интервју за Интерфакс, пренесува Комерсант.

Рјабков рече дека Москва мора да премине на „целосна воздржаност“ во односите со САД, одржувајќи „селективен дијалог“ на теми од интерес за Русија. Високиот дипломат рече дека Русија нема да започне контакти со преодниот персонал на Бајден и исто така нема да направи никакви „еднострани отстапки“. Тој додаде дека ако САД продолжат да и приоѓаат на Русија како на „стратешки ривал“, тогаш Москва „ќе се однесува кон нив на сличен начин“.

Со оглед на новите американски санкции воведени претходно оваа недела против 45 руски организации поради нивните врски со војската, Рјабков рече дека администрацијата на сегашниот претседател Доналд Трамп се обидува да ја „тресне вратата“

– Одиме од лошо кон полошо. Ова е многу типично во последните четири години и досега нема чувство дека овој тренд е надминат, рече Рјабков.

Scroll to Top