САД: Целосно вакцинираните луѓе не мораат да носат маски и да држат дистанца

пред 3 години

Лиѓето кои се целосно имунизирани на Ковид-19 повеќе не се обврзани да носат заштитни маски за време на активности на отворен и затворен простор, прогласи денеска Американскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ). Новите насоки се сметаат за досега најголемо олеснување на рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот.

Сепак, во одредени околности, и луѓето кои примиле две дози од вакцината ќе мораат да носат маски: во авионите, автобусите и возовите, како и во болниците, домовите за стари луѓе, засолништата за бездомници и во затворите, се вели во новите препораки на ЦДЦ.

Според институцијата, олеснувањето на мерките е засновано врз последните научни сознанија, според кои целосната имунизација, со две дози од вакцината, дополнително го намалува ризикот од инфекција и пренесување на вирусот на други луѓе, покрај заштитата од тешките форми на болеста и од смртен исход.

Бројот на заразени и починати од вирусот во САД се намалуваат во изминатите недели, а во јавноста се појавија критики од експерти за јавно здравје, кои велат дека ЦДЦ пристапува премногу претпазливо со насоките.

Scroll to Top