САД: Ќе воведеме санкции за Кина ако Пекинг се меша во изборот на Далај Лама

пред 3 години

Американските власти усвоија закон со кој може да се воведат санкции за кинеските власти доколку се мешаат во процесот на назначување на следниот Далај Лама.

Конгресот на САД со големо мнозинство донесе закон за ова прашање, кој беше критикуван од Пекинг како „грубо мешање во внатрешните работи на Кина“.

Законот за Тибет е вклучен во законот за буџет, кој предвидува мерки за поддршка на американската економија. Законот вчера го потпиша американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

Според законот, изборот на нов Далај Лама и друг монаси „е исклучиво духовно прашање и тие одлуки ги донесуваат религиозните власти во рамките на тибетската будистичка традиција“.

САД ќе воведат санкции против кинеските власти кои „директно ќе се мешаат во идентификувањето и устоличувањето на идниот 15-ти Далај Лама“, се наведува во законот.

Scroll to Top