САД ќе разговараат за заканата од Русија на министерскиот состанок на НАТО

пред 3 години

Русија претставува закана за сите членки на НАТО, но, во исто време, Вашингтон е подготвен да соработува со Москва во областите од заеднички интерес, изјави висок официјален претставник на американската одбрана во вторникот, пренесува ТАСС.

Според неговите зборови, американската делегација треба да го покрене прашањето за Русија на претстојниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што ќе се одржи преку видео-врска и на кој ќе присуствува американскиот министер за одбрана, Лојд Остин.

„Многу е очигледна заканата од Русија за сите сојузници на НАТО, вклучително и за САД. Тие користат воена сила за да ги постигнат своите цели, “ рече Остин.

Во исто време, тој рече дека Вашингтон е подготвен да соработува со Москва во области од заеднички интерес.

„Оваа администрација веќе јасно стави до знаење дека ќе соработуваме со Русија за да ги унапредиме нашите лични интереси, притоа барајќи од нив одговорност за нивните непромислени и агресивни активности. И затоа со нетрпение очекуваме да разговараме за тоа со нашите сојузници оваа недела”, рече тој.

 

Scroll to Top