Сведоштва од Индија: „Како да не сме во главниот град, луѓето умираат како животни“

пред 3 години

Луѓето кои работат во болниците во Делхи се борат со бројот на заразени кој секојдневно е во пораст. Многумина се обидуваат да го спасат животот на заразените, а истовремено мораат да ги испратат своите најблиски кои починале од коронавирусот.

Во Индија се регистрираат стотици илјади нови случаи на Ковид секојдневно, а властите се соочуваат со ужасни проблеми. Нема повеќе кислород во болниците, а во мртовечниците нема повеќе места за чување на телата.

Се проценува дека едно лице од Ковид-19 умира во Делхи на секои четири минути.

Чарнајев работи во крематориумот со децении, но досега не се соочил со нешто слично како во последните неколку недели.

„Никогаш не сум видел нешто толку ужасно. Не можам да поверувам дека сум во Делхи, главниот град на Индија. Луѓето не добиваат кислород, тие умираат како животни“, вели Чернаев.

Тој раскажува дека немаат доволно ресурси кои им се потребни за да кремираат некого.

Здравствените работници се преморени. Многумина се борат за животот на заразените, а во исто време мораат да ги погребаат своите најблиски кои починале од коронавирусот. Би-би-си ја раскажуав приказната на Шиванги, која додека чека да биде кремиран нејзиниот дедо, постојано го држи телефонот во раце и се јавува насемкаде за да обезбеди кислород за болницата во која работи.

„Ова е ужасно. Не разбирам што прави оваа влада, ова е катастрофа. Веќе не може да се живее во Делхи. Овде не можете ниту да умрете како човечко суштество”, рече таа за Би-Би-Си.

Шиванги тврди дека нејзиниот дедо починал токму поради недостаток на кислород.

Нејзините колеги се очајни, велат дека повеќе не знаат што да прават.

„Понекогаш плачеме од мака, бидејќи веќе не знаеме што да правиме. Не сме во можност да им помагаме на пациентите“, велат лекарите.

Креветите се претежно зафатени од млади луѓе; дури 65 проценти од хоспитализираните се на возраст под 40 години.

Scroll to Top