Наполи не може да патува во Торино

пред 4 години

Утрешното дерби во Серија А помеѓу Јувентус и Наполи најверојатно нема да се одигра. Локалните власти на регионот Кампања им забраниле на фудбалерите на Наполи да го напуштат регионот, откако е потврдено дека двајца играчи и шестмина членови на стручниот штаб се заразени со коронавирусот. Фудбалерите чии тестови биле позитивни се Пјотр Зјелиснки и Елиф Елмас. Наполи минатиот викенд ја победи Џенова со 6:0, а по тој натпревар Џенова пријави 22 заразени, 17 од нив се фудбалери. Бидејќи епидемијата во Џенова е премногу сериозна, а играчите на Наполи биле во близок контакт со нив регионалните здравствени власти им забраниле да патуваа во Торино. Од друга страна од Јувентус преку соопштение порачаа дека нивните играчи утре од 20.45 часот ќе бидат на теренот. „Јувентус сака да објави дека нашите играчи ќе се појават на теренот за натпреварот против Наполи, како што е и планирано со каландарот на Серија А“.

Scroll to Top