Секој четврти Русин веќе е отпорен на ковид-19, тврди функционерката Попова

пред 3 години

Нивото на „имунитетот на стадо“ против Ковид-19 во Русија достигнал 26%, и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите земји, изјави денеска шефицата на Руската федерална служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето Ана Попова.

„Во моментов, гледаме дека постои имунитет на стадо, а неговото ниво во земјата е околу 26%,“ рече Попова, која додаде дека бројката е највисока во големите градови, поради „специфичните одлики на епидемискиот процес.“

„Максималните бројки на колективен имунитет кај децата достигнуваат до 42 отсто, кај прегледаните деца под шест години, и до 38 отсто кај децата од 7 до 13-годишна возраст – возрасна група кај која се забележани најмалку случаи на заразување и тешки симптоми,“ вели Попова.

Нашата економија функционира, сите индустрии функционираат, научивме да работиме и развивме имунитет на стадо и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите, рече функционерката за време на сесија на владиното кризно тело за борба против пандемијата, во кое членуваат водечките епидемиолози и вирусолози од земјата.

Според Попова, Русија во моментов е на 60-то место во светот според бројот на заразени на 100.000 жители.

Scroll to Top