Црна Гора е најголемото жариште на Ковид-19 на Балканот

пред 4 години

Со 547 активни случаи на 100.000 жители, Црна Гора има најголема зачестеност на лица заболени од Ковид-19 во регионот, па и пошироко, објави црногорската новинска агенција МИНА.

Земјата има речиси трипати повеќе заболени лица на 100.000 жители од Босна и Херцеговина, која е на второ место во регионот.

Црна Гора има и најголем број на заболени лица на болничко лекување на 100.000 жители. Додека во Црна Гора хоспитализирани се 44 лица, во Македонија нивниот број изнесува 16 на 100.000 житњли, во Хрватска – седум и во Србија пет лица на 100.000 жителисе на болничко лекување.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ), во Црна Гора во изминатите 14 дена регистрирани се дури 3.183 новозаболени на 100.000 жители, поради што земјата е во првите 20 најпогодени држави во светот со повеќе од 120 откриени случаи.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top