Се за експерименталниот лек со кој се лечи Трамп?

пред 4 години

Белата куќа објави дека претседателот Доналд Трамп се лекува со експериментални антитела откако тестот покажа дека е заразен со САРС-CoV-2.

Беше пријавено дека тој има благи симптоми, вклучувајќи треска и блокирани дишни патишта. Тој беше пренесен во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид за понатамошно лекување.

Каков коктел со антитела доби претседателот Трамп?

Тоа е комбинација на две антитела насочени кон клучниот протеин на вирусот кој го предизвикува Ковид-19, САРС-CoV-2. Тие се врзуваат за дел од главниот површински протеин и се прикачуваат, што помага вирусот да се поврзе со рецепторот на човечките клетки наречен ACE2. Целниот дел се нарекува домен на врзување на рецепторот. Едно антитело доаѓа од човек кој оздравел од инфекцијата САРС-КоВ-2; Б-клетката што го создава антителото е изолирана од крвта на едно лице и изолирани и копирани гени за имунолошкиот протеин. Второто антитело е од глувче, кое има изграден имунолошки систем во кој се инјектира овој врзувачки протеин.

Професорот Питер Хорби од Универзитетот Оксфорд наведува дека лекот спречува вирусот да се поврзе со клетките, да влезе во нив и да се размножува, како и да му помогне на имунолошкиот систем да го нападне и убие вирусот. Хорби тврди дека ова е една од најперспективните лекови за Ковид-19 и која покажала силен ефект во лабораторија и при тестовите извршени врз животни. Тој додаде дека лекот во моментов се тестира во Велика Британија, како дел од програмата за проучување на лекови против Ковид-19, што претходно покажа дека стероидот дексаметазон е ефикасен во лекувањето на оваа болест. Лекот од компанијата „Регенерон“ веќе е достапен за пациентите во три болници на северот на Англија, како дел од споменатата програма, која наскоро ќе опфати 30 до 40 болници, вели Хорби.

Експериментите врз златни хрчаци и мајмуни Резус макаки намерно заразени со коронавирусот покажаа дека коктелот може да го намали нивото на вирусот и патологијата на болеста.

Регенерон, производителот на коктелот, на почетокот на оваа недела ги претстави прелиминарните податоци од тековното клиничко испитување кај луѓе кои биле позитивни на коронавирус, но поминале речиси асимптоматски или во најекстремните случаи, имале умерено заболување – група која е најблиску до сегашната состојба на претседателот Трамп. Немаше сериозни безбедносни ризици, а третманот ја намали концентрацијата на вирусот и го скрати времетраењето на симптомите на болеста кај пациенти кои немаа антитела кон САРС-КоВ-2 на почетокот на студијата. Сè уште не е познато дали третманот може да спречи сериозна клиничка слика, но има индикации дека би можело.

Влијанието на третманот врз хоспитализирани пациенти со Ковид-19 сè уште се испитува, но Регенерон ги нема објавено резултатите од оваа студија.

Сепак, некои лекари се скептични во врска со лекувањето на Трамп со антитела.

„Лошо е од научна, медицинска и етичка гледна точка да им се даваат недокажани работи на моќните луѓе“, напиша д-р Вини Пресад во објава на Твитер. Пресад е вонреден професор по медицина и хематолог-онколог на Универзитетот во Калифорнија, во Сан Франциско.

„Ќе кажам дека никогаш не сум чул за пациент, особено за некој толку важен како претседателот, дека добил експериментална инфузија на коктел од антитела“, додаде пулмологот од Сиетел, д-р Вин Гупта, кој исто така побара повеќе информации од Белата куќа.

Покрај коктелот со антитела Регенерон, претседателот зема и цинк, витамин Д и блокатор на хистамин фамотидин.

Scroll to Top