Се надевам на заедничка прослава на Гоце догодина со нашите браќа од Северна Македонија

пред 3 години

Се надеваме дека заедно со нашите браќа од Северна Македонија, следната година ќе ја прославиме 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод годишнината од раѓањето на големиот револуционер.

-Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев – војвода, активист на македонско-одринското револуционерно ослободително движење, меѓу нашите најистакнати заеднички историски херои. Се надевам дека имаме мудрост следната година, заедно со нашите пријатели и браќа од Северна Македонија, да го прославиме неговиот 150-годишен јубилеј, обединети и заедно на патот на европската интеграција“, напиша Борисов.

Scroll to Top