Се шири лажна слика од писмото кое Трамп му го оставил на Бајден на масaта во Белата куќа

пред 3 години

По вчерашната инаугурација на Џо Бајден за американски претседател, на социјалните мрежи со молскавична брзина се прошири лажна слика, а еве за што поконкретно станува збор.

Имено, традиција е претседателот во заминување да му остави на новиот претседател лично писмо на работната маса во Белата куќа. Иако Доналд Трамп прекрши многу традиции, сепак оваа ја испочитува и тој му остави лично писмо на Бајден, што вчера го потврди и новоименуваниот претседател.

Набргу откако Бајден го потврди ова, слика со лажна содржина на писмото се прошири на социјалните мрежи. На таа слика е прикажан текст од само една реченица: „Џо, знаеш дека победив“.

Но, вистинската содржината на писмото што Трамп му го оставил на Бајден не е објавена.

Иако е сосема јасно дека содржината што се појави на социјалните мрежи е монтажа, некои ја сфатија сериозно, па иранското државно радио го објави лажното писмо како вистински факт. Според Би-би-си, монтажата масовно се шири меѓу руските корисници на социјалните мрежи.

Бајден потврди дека Трамп му оставил лично писмо.

„Тој ми напиша многу великодушно писмо. Но, писмото е приватно и нема да зборувам за тоа додека не разговарам со Трамп, но тоа беше великодушно”, рече вчера Бајден.

Scroll to Top