СЗО сака да ја вклучи руската вакцина против коронавирусот во списокот за итна употреба

пред 4 години

Светската здравствена организација во моментов е во преговори со рускиот институт кој ја развива вакцината против Ковид-19, „Спутник-5“, за можноста да биде вклучена во списокот за итна употреба на вакцината.

Со ставањето списокот на итни вакцини, СЗО вакцината би им ја препорачала за употреба на земјите-членки.

„Се радуваме што ќе добиеме податоци за нивната вакцина „Спутник 5“. Ако се утврди дека производот доставен на евалуација ги исполнува критериумите за вклучување во списокот, СЗО ќе ги објави резултатите.

Според руските власти, вакцината е 92 проценти ефикасна во заштитата на населението од коронавирусот.

Scroll to Top