Турција одобри итна употреба на руската вакцина „Спутник V“

пред 3 години

Турција издаде дозвола за итна употреба на руската вакцина Спутник В против коронавирусот, соопшти денеска турската Агенција за лекови и медицински производи.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа претходно оваа недела изјави дека земјата потпишала договор за набавка на 50 милиони дози од руската вакцина.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека Турција, во рамки на договорот со Русија, ќе добие „значајно количество“ од вакцините „Спутник V“.

Scroll to Top