Земјотресот ги оштети затворите во Сисак и Глина, затворениците се префрлаат во други градови

пред 3 години

Затворите во Сисак и Глина се оштетени во вчерашниот силен земјотрес, па затоа сега сите затвореници ќе бидат распределени во други затвори, а оштетени се и судовите во Сисак и Петриња, изјави денеска хрватскиот министер за правда и администрација Иван Маленица.

По посетата на Окружниот суд и затворот во Сисак, Маленица изрази сочувство до семејството на загинат судски полицаец и до судскиот полицаец чиј член на семејството загина во вчерашниот земјотрес во Петриња, јави Хина.

-По вчерашниот земјотрес во Сисак ние веднаш реагиравме и ги евакуиравме затворениците од затворот во овој град. Едниот дел од затворениците отидоа во затворот во Загреб, а друг во затворот во Глина. Оние кои беа евакуирани кон Загреб, еден дел беа распоредени во други затвори, пред се, во Бјеловар и Госпиќ , а еден дел остана во Загреб, рече Маленица.

За време на земјотресот во затворот во Сисак имало 60 затвореници, а Маленица посочи дека со брза реакција на судската полиција и управникот тие веднаш биле пуштени во дворот од затворот. Затворениците чекале во дворот се до пристигнување на возилата, што подоцна ги распоредиле низ другите затвори.

Пред пристигнувањето на Маленица, затворот Сисак бил прегледан од експерти за статика кои утврдиле дека зградата е употреблива, но претрпела внатрешна и надворешна штета, па затоа министерот не можеше да процени кога тој повторно ќе биде подготвен за употреба.

Околу 80 затвореници од затворот во Глина во текот на денот ќе бидат префрлени во други затвори во Хрватска. Зградата на Жупансикиот и на Општинскиот суд, исто така, претрпела штета, иако е реновирана пред две години.

Scroll to Top