Словачка повторно воведе вонредна состојба поради коронавирусот

пред 4 години

Словачката влада воведе вонредна состојба во земјата поради порастот на заболени од коронавирус, напиша премиерот Игор Маровиќ на својот фејсбук-профил.

Вонредната состојба, која ќе трае 45 дена, ќе и даде на владата можност да воведе построги мерки, но тоа нема да значи автоматски враќање на строгиот карантин, како што беше на почетокот на пандемијата, наведува „Ројтерс“.

Бројот на новозаболени во последните 24 часа во Словачка е зголемен за 567, покажуваат податоците на Националниот здравствен информативен центар (НЦЗИ) објавени на веб-страницата covid-19.nczisk.sk.

Тоа е нов рекорд на бројот на новозаболени за еден ден во Словачка, објави ТАСР.

Во болниците има 187 лица, од кои 16 се на одделенија за интензивна нега, а 18 се приклучени на апарати за дишење.

Во исто време во земјата починаа три лица, така што вкупниот број на смртни случаи е 48.

Scroll to Top