Во Лондон прогласена вонредна состојба поради коронавирусот

пред 3 години

Градоначалникот на Лондон прогласи вонредна состојба во градот каде што има се поголем број случаи со коронавирус, а болниците се обидуваат да се справат со големиот прилив на пациенти.

Подрачјето на Лондон беше најпогодено од епидемијата на Ковид-19 во Велика Британија.

Зборувајќи заедно со премиерот Борис Џонсон на прес-конференцијата на Даунинг стрит во четвртокот, Симон Стивенс, главен извршен директор на Националниот здравствен систем на Англија, рече дека болниците во Лондон сега примаат по 800 пациенти на ден, што е еднакво на вкупниот капацитет на болницата „Свети Томас“, една од најголемите здравствени институции во Англија.

Scroll to Top