Словенија: Залудно се расправаме за „нон-пејперот“ за Западен Балкан

пред 3 години

Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар денеска изјави дека расправата за наводниот нон-пејпер за промена на границите на Западен Балкан не е од корист ниту за БиХ, ниту за Словенија.

По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Логар рече дека секој мора да процени што е во негов интерес – дали да води политичка пропаганда или да стори сé што е во негова моќ Словенија добро да претседава и да придонесе за напредок на Западен Балкан, пренесува ТВ Словенија.

Според него, на денешната средба никој од министрите на ЕУ не го прашал за нон-пејперот, што, како што вели, „крена многу прашина минатата недела“.

„Состанокот имаше прецизна агенда и немаше такво прашање. Ниту министерот за надворешни работи Жозеп Борел не праша”, рече Логар.

Тој најави дека министрите ќе разговараат за Западен Балкан на состанок во мај.

Scroll to Top