Словенија поради епидемиолошката ситуација ги продолжи мерките до 18 јануари

пред 3 години

Поради влошувањето на епидемиолошката состојба во земјата, словенечката влада ги продолжи повеќето ограничувачки мерки за најмалку уште седум дена, а училиштата ќе останат затворени најмалку до 18 јануари.

„Се продлабочува и се проширува важењето на повеќето регулативи и мерки, вклучително и онаа што им забранува на луѓето да се собираат во образовните институции“, рече владиниот портпарол Јелко Кацин на прес-конференција. Образовниот процес ќе продолжи со учење од дома, а училиштата пред 18 јануари нема да се отворат. Таквата одлука е донесена врз основа на мислењето на експертската група за Ковид-19.

Единствен исклучок се образовните институции за работа со деца со посебни потреби, кои продолжија со настава на почетокот на оваа недела. Што се однесува до мерките за ограничување на движењето на луѓето со цел да се потисне ширењето на вирусот, тие остануваат исти и се продолжуваат барем до 18 јануари, а работата на ски-лифтовите во ски-центрите останува забранета, изјави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Scroll to Top