Состојбата на партијархот Иринеј е стабилна, тој се лечи во Воената болница Карабурма

пред 4 години

Здравствената состојба на српскиот патријарх Иринеј е добра, стабилна и под контрола, соопшти Српската православна црква.

Тој е хоспитализиран во Воената болница Карабурма, поради позитивен резултат на коронавирус и заради третман и клинички мониторинг.

„Лекувањето на Неговата Светост Партијархот Иринеј се спроведува по протокол за заболени од Ковид-19, проследено со лекување и на хроничните болести“, се наведува во соопштението на СПЦ.

Scroll to Top