Чавушоглу му се јавил на Дендијас откако разбрал дека шефот на грчката дипломатија е во изолација

пред 3 години

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска му се јавил на неговиот грчки колега за да се информира за неговата здравствена состојба, со оглед на тоа дека Никос Дендијас од вчера е во превентивен карантин.

-Денеска имав телефонски разговор со МНР на Турција Мевлут Чавушоглу на кој му се заблагодарив за интересот за моето здравје. Истакнав дека сум многу добро и дека сум во карантин исклучиво од превентивни причини, напиша Дендијас на „Твитер“.

Шефот на грчката дипломатија е во карантин по контакт со заразено лице, а вчера преку „Твитер“ соопшти дека според резултатот од рапид тестот што го направил не е позитивен на Ковид-19, но дека превентивно, неколку дена, ќе биде во карантин.

Scroll to Top