Србите од средина на април ќе можат во Грција, а од 14 мај ќе патуваат и преку Македонија

пред 3 години

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ денеска изјави дека српските граѓани ќе можат, под одредени услови, да патуваат во Грција од 14 мај преку Македонија, а од средината на април преку Бугарија со потврда за вакцинација или со антигенски тест.

Матиќ изјави дека се работи на тоа, оние што патуваат на море, да можат преку туристичките агенции да аплицираат за вакцинација.

Српските граѓани ќе можат да патуваат и во Хрватска и во Турција.

Scroll to Top