Србија – угостителските објекти може да примаат гости и во затворените делови

пред 3 години

Од утре угостителските објекти во Србија може да примаат гости и во затворените делови. Тие ќе работат до 22 часот, со 50 проценти капацитет и без музика по 18 часот.

„Денес донесовме одлука кафулињата и рестораните да работат и во затворените делови, но според сите мерки, само до 50 проценти од користењето на просторот, мора да се почитува растојанието помеѓу гостите од метар и половина до два метра, нема да има музика, ниту во живо, ниту обична после 18 часот, затоа што тогаш луѓето викаат за да може да се слушнат што зборуваат“, рече епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ по седницата на Кризниот штаб, објави „Танјуг“.

Тој кажа дека кога ќе има помалку од 100 заразени на дневно ниво, ќе може сè да работи нормално.

Scroll to Top