Во Грција по шест месеци отворање на угостителските објекти

пред 3 години

По шест месеци пауза, поради карантинот и рестрикциите, од денеска се отвораат угостителските објекти во Грција, под посебни правила и протоколи, а полицискиот час ќе почнува од 23, наместо од 22 часот.

Угостителските објекти ќе работат само во надворешните делови, без музика, со ограничено работно време до 22.45 часот, забрането е стоење, дозволено е најмногу шест лица на една маса, а масите треба да бидат на растојание од 0.90 до 1.80 см, во зависност од поставеноста на столчињата.

Маската е задолжителна за персоналот, а постои силна препорака да ја користат и посетителите.

За вработените задолжителен е сеф тест, односно тест за домашна употреба два пати седмично, а трошоците за еден од тестовите ќе ги покрива државата.

Сопствениците, кои во изминатите денови интензивно работеа на подготовките за отворањето велат дека сѐ ќе биде подготвено, но и истакнуваат дека за нив, најважно е да не бидат повторно затворени.

Од почетокот на пандемијата, во изминатите 15 месеци, угостителите во Грција беа затворени вкупно осум месеци, два за време на првиот и шест за време на вториот карантин.

Отворањето на угостителските објекти, не значи и крај на карантинот во земјата, воведен на 7 ноември 2020 година, со оглед на тоа дека и за одење на кафе/пијалак или во ресторан, граѓаните ќе треба да испратат смс порака, нешто што е веќе секојдневие во Грција во изминатите шест месеци.

Scroll to Top