Среќен Британец доби речиси 40 милиони фунти на лотарија

пред 3 години

Среќен добитник во Велика Британија го освои џек-потот на лотаријата „Јуромилионс“ и влезе во Новата година побогат за 39 милиони фунти.

Уште десет играчи освоија по еден милион фунти во специјалното новогодишно извлекување, изјави претставникот на Националната лотарија, Енди Картер.

– Колку прекрасен почеток на 2021 година за играчите на лотаријата „Јуромилионс“ во Обединетото Кралство, истакна Картер.

Добитната комбинација ја сочинуваат броевите 16, 28, 32, 44 и 48, како и т.н. „среќни ѕвезди“ 1 и 9.

Scroll to Top