Стерјовски и официјално кандидат за пратеник на изборите во Албанија

пред 3 години

Централната изборна комисија ја верификува кандидатската листа на Социјалистичката партија за парлемантарите избори што во Албанија ќе се одржат на 25 април и со тоа лидерот на единствената македонска партија во ова земја, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски и официјално ја соопшти кандатурата за втор мандат.

-Почитувани Македонци и Македонки, драги мои сонародници, на парламентарните избори на 25 април, се кандидирам за пратеник во округот Корча, на листата на Социјалистичка партија од единствената партија која ги претставува Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Секогаш верував, дека единствен начин за подобри услови за живот и работа е интеграција на македонската заедница во институциите на системот. Мораме да делуваме во институциите на системот заради нас Македонците и за сите кои живееме и во нашата држава Албанија, напиша Стерјовски на Фејсбук.

Стерјовски во албанскиот парламент влезе во мај 2019 година и во оценувањето на активноста на пратениците редовно е меѓу најактивните, главно со прашања кои ги тиштат Македонците во областите Преспа, Голо Брдо и Гора, каде нивната концентрација е најголема.

Со тоа 38-годишниот докторант на Институтот за национална историја во Скопје, стана прв пратеник во албанскиот Парламент од македонската партија и прв пратеник кој јавно се декларира како Македонец. Истата година беше избран и за лидер на МАЕИ, каде во изминатиот период беше на функцијата генерален секретар.

Scroll to Top