Столтенберг: Пандемијата се користи за да се ослабне НАТО

пред 4 години

Пандемијата од Ковид-19 се користи во обид да се ослаби НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на настан организиран од Центарот за анализа на европска политика. Брисел, 21 септември 2020 (МИА) – Пандемијата од Ковид-19 се користи во обид да се ослаби НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на настан организиран од Центарот за анализа на европска политика. – НАТО е и ќе остане регионален сојуз, но ние ќе ја прошириме нашата работа со разни организации ширум светот во борбата против дезинформациите, тероризмот, епидемиите и заканите од вселената, додаде тој. – Сојузот е силен, со висока подготвеност за акција, со големи инвестиции во одбраната. Предпандемиските воени закани не исчезнаа, рече Столтенберг. Тој бара НАТО да може да испраќа силни пораки и истакна дека пактот неодамна остро го осуди труењето на Алексеј Навални и ја повика Москва да го испита нападот, кој не е насочен само кон една личност, туку и кон основните права. – Потребна е силна меѓународна реакција на овој случај, додаде генералниот секретар. Столтенберг ја забележа растечката моќ на Кина бидејќи земјата стана лидер во технолошкиот развој и се најде на второто место во светот според воените трошоци. Тој рече дека Пекинг не се двоумел да ги искористи овие предности за да изврши притисок врз други земји. ссм/

Извор: mia.mk

Scroll to Top