Суга: Вакцинацијата во Јапонија ќе почне во средината на февруари

пред 3 години

Премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга денеска изјави дека Јапонија планира да ја започне вакцинацијата против Ковид-19 во средината на февруари.

Тоа ќе биде порано од првичните планови вакцинацијата да започне кон крајот на месецот.

Суга претходно изјави дека Јапонија планира да ја продолжи вонредната состојба во Токио, Осака и осум други префектури, бидејќи земјата се бори со зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус.

Тој пред Парламентот рече дека планира да ја продолжи вонредната состојба до 7 март во 10 префектури, а во една ќе биде укината, пренесува Си-Ен-Ен.

Одлуката допрва треба да ја финализира кризниот штаб, а Суга вечерва треба да одржи прес-конференција за правилата што ќе бидат на сила за време на вонредната состојба.

Scroll to Top