Јапонија принудена да ја продолжи вонредната состојба, премиерот им се извини на граѓаните

пред 3 години

Јапонската влада денеска ја продолжи вонредната состојба на подрачјето на Токио за две недели, во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, премиерот Јошихиде Суга им се извини на граѓаните поради ситуацијата.

Вонредната состојба требаше да заврши на 7 март, но четири и пол месеци пред Токио да биде домаќин на Олимписките игри, Суга истакна дека постои потреба за внимателност поради заканите од новите мутации на коронавирусот и можноста за зголемување на бројот на заразени случаи.

– Искрено ми е жал што не успеав да ја укинам вонредната состојба, како што претходно беше ветено, до 7 март. Се извинувам од срце, изјави Суга на прес-конференција.

Во рамки на вонредната состојба во Токио и три околни префектури, Владата побарала рестораните и баровите да бидат затворени до 20 часот и да престанат да служат алкохол еден час претходно.

Од граѓаните се очекува да останат во своите домови по 20 часот, освен ако немаат сериозна причина да излегуваат.

Scroll to Top