Таткото на српскиот претседател Александар Вучиќ во болница поради коронавирус

пред 3 години

Таткото на српскиот претседател, Александар Вучиќ се наоѓа во болница поради коронавирус, пренесува Б92. Како што се наведува, Анџелко Вучиќ е сместен во болницата Бежаниска коса и неговата состојба е лоша. Лекарите се борат за неговиот живот.

Според белградски медиуми, позитивна на коронавирус е и мајката на претседателот Вучиќ, но таа информација се уште не е потврдена.

Исто така, медиумите пренесуваат дека и претседателот на Србија и неговиот брат Андреј Вучиќ пристигнале во семејната куќа во населбата Јајинци во Белград.

Scroll to Top