Тедрос: Во 2021 ќе има застои и нови предизвици

пред 3 години

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека во новата година ќе има застои и нови предизвици, и повика на засилени напори со цел да се откријат нови видови на коронавирусот.

Говорејќи на онлајн прес-конференција од седиштето на СЗО во Женева, Тедрос предупреди дека ќе има застои и нови предизвици, наведувајќи ја како пример појавата на нови видови на коронавирусот, но повика и да им се пружи помош на луѓето на кои им е тешко и понатаму да се борат, затоа што се уморни од пандемијата.

Тој додаде дека СЗО тесно соработува со научници од целиот свет за подобро се сфатат промените на вирусите и нивното влијание.

Во врска со ова, Тедрос ја истакна важноста од зголемување на капацитетот за геномско секвенционирање ширум светот, како и споделување информации со Агенцијата за здравство на ОН и други земји.

Нов вид на коронавирус, кој е откриен во Велика Британија и Јужна Африка и кој се чини дека е позаразен, предизвика загриженост низ целиот свет и доведе до воведување нови ограничувања за патувања овој месец.

Scroll to Top