Тиери Бретон, европскиот комесар за конкуренција: Брегзит е „трагедија“

пред 3 години

Брегзит е „трагедија“ која Британија, сега исто така соочена со нов многу заразен вид на коронавирус, ја лишува од помошта што Европската унија може да ја пружи. Тоа го изјави денеска европскиот комесар за конкуренција Тиери Бретон.

– Искрено, се случува трагедија во Велика Британија, тој брегзит е трагедија. Ние тоа го гледаме секој ден се повеќе, и длабоко жалиме за таа одлука иако ја почитуваме, бидејќи британскиот народ е, се разбира, суверен, изјави Бретон за БФМ Бизнис .

– Доколку Обединетото Кралство одлучеше да остане во Европската унија, денес, како и сите земји на Унијата, ќе имаше 30, 40 и 50 милијарди евра и можеше да и се помогне бидејќи на сите ќе ни се помогне со пари од Фондот за обновување „ЕУ следна генерација“.

– Но,Велика Британија се лиши себеси од тие пари, нагласи Бретон.

Планот за закрепнување од 750 милијарди евра треба да се спроведе во 2021 година, а првите исплати се очекуваат до крајот на првиот квартал.

– И, конечно, се случува брегзит што никогаш не завршува, што и да излезе од тоа Велика Британија ќе изгуби, секако дека сакам да заврши со договор и се надевам дека ќе имаме договор на крајот, но колку време изгубивме, колку талкање и конечно зошто сето тоа, изјави тој.

Scroll to Top