Трамп ги избриша спорните коментари, Твитер му го одблокира налогот

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп избриша три контроверзни статуси на Твитер, откако социјалната мрежа го обвини за поттикнување насилство, поради што неговиот налог беше суспендиран повеќе од 12 часа.

Покрај заклучувањето на налогот, од социјалната мрежа му се заканија дека трајно ќе му биде отстранет доколку не ги избрише спорните коментари, откако и Твитер и Фејсбук соопштија дека сметаат оти неговите пораки ја зголемуваат веројатноста за насилство предизвикано од неговите приврзаници во Вашингтон.

Scroll to Top