Трамп го нарече докторот збунет, тој му одговори: маската ме штити повеќе од вакцина

пред 4 години

Дури и ако вакцината за коронавирус е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до средината на следната година “, рече Роберт Редфилд, директор на Центрите за контрола и превенција на болести во САД. Претседателот Доналд Трамп го обвини за грешка и му се потсмеваше дека е збунет. „ Маските се најважната и најмоќната алатка што ја имаме во борбата против пандемијата. Дури и би можел да одам дотаму да кажам дека оваа маска за лице ме штити подобро од ковид отколку вакцината против ковид”, му рече Редфилд на Трамп. На Трамп му се спротивстави и неговиот претседателски противкандидат Џо Бајден. „ Да бидеме јасни. Верувам во вакцината, верувам во научници, но не му верувам на Доналд Трамп”, рече Бајден и додаде дека во моментов дури ни американскиот народ не може да му верува на Трамп. Владата на САД најави дека ќе започне со дистрибуција на вакцината за Ковид-19 еден ден од добивањето на дозволата и планира можноста за ограничен број дози да биде на располагање веќе во текот на оваа година. Досега во САД починале 195.000 луѓе, повеќе отколку во која било друга земја. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top