Трамп го разреши директорот на Агенцијата за кибер безбедност

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го разрешил директорот на Агенцијата за кибер безбедност и инфраструктурна безбедност, Крис Кребс.

Според шефот на државата, Кребс дал „крајно неточна“ изјава во врска со безбедноста на изборите во САД.

Во последните неколку недели, агенцијата предводена од Кребс соопшти дека изборите оваа година се „најбезбедни во американската историја“. Тој, исто така, ги демантираше на социјалните мрежи Твитер лажните обвинувања за изборни измами, кои често ги покренува претседателот.

Како шеф на Агенцијата, Кребс беше еден од највисоките функционери со задача да ја штити изборната инфраструктура од мешање и измами од странство.

Scroll to Top