Трамп и Меланија позитивни на коронавирус

пред 4 години

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија се позитивни на Kовид-19.

Американскиот претседател ја потврди оваа информација на Твитер.

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани за Ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе започнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминеме ова”, објави Трамп (74) на Твитер.

Претходно Трамп потврди дека неговата советничка Хоуп Хикс е позитивна на коронавирус

Scroll to Top