Трамп не се откажува: Најавува информации за изборна измама во Џорџија

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе објави важна информација која се однесува на изборна измама во државата Џорџија.

„Доаѓа важна информација за изборна измама во Џорџија. Бидете во тек“ – напиша Трамп на Твитер.

Во петокот, по рачното пребројување на гласовите беше потврдено дека Бајден победил во оваа држава. Според тие резултати, Бајден добил 2.474.507, а Трам 2.461.837 гласа. Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер кој е републиканец изјави дека по рачното пребројување, Трамп не успеал да освои електорски гласови. Набрзо стигна и корекција на изјавата од неговата канцеларија во кој се вели дека гласовите уште не се верификувани.

Scroll to Top