Трамп се налути поради изјавите за неговата здравствена состојба

пред 4 години

Трамп е многу лут на шефот на персоналот во Белата куќа, Марк Медоус, затоа што ги демантирал тврдењата на медицинскиот тим во Белата куќа за неговата здравствена состојба.

Марк Медоус е опишан како доверлив анонимен извор во Белата куќа, кој во неформален разговор со новинарите изразил проценки за здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп, кои се разликуваат од официјалните што претходно ги добија медиумите од воениот лекар Шон Конли, пишува „Си-ен-ен“.

Медоус неформално изјавил пред група новинари дека во последните 24 часа здравствената состојба на претседателот Трамп и неговите витални функции се причина за загриженост и дека следните 48 часа ќе бидат критични за неговото закрепнување.

„Претседателот сè уште не е на патот кон целосно закрепнување“, рече Медоус во разговор со новинарите за кој подоцна известуваа „Асошиејтед прес“ и „Њујорк тајмс“.

„Си-ен-ен“ од близок соработник на Трамп дознава дека откако слушнал за разговорот на Медоус со печатот, претседателот Трамп бил многу лут.

После тоа, вработените во Белата куќа продолжиле да зборуваат за здравствената состојба на претседателот со избрани зборови и со многу умерен тон, со цел да се избегнат понатамошни контроверзии по тоа прашање.

Трамп е незадоволен од Медоус како шеф на персоналот во Белата куќа затоа што смета дека го нарушил кредибилитетот на официјалната комуникација за здравствената состојба на претседателот по неговото префрлување во воената болница Валтер Рид во близина на Вашингтон, наведува „Си-ен-ен“.

Scroll to Top