Бугарија ѝ се налути на АстраЗенека: Им ја одземате надежта на луѓето

пред 3 години

Министерството за здравство на Бугарија испрати остар допис до еден од производителите на вакцини – британско-шведската компанија АстраЗенека, објави бугарската приватна телевизија НОВА, која има пристап до документот.

Во документот се наведува дека во моментот постои сериозно доцнење во снабдувањето со вакцини од компанијата. Како пример – на 1 март, Бугарија веројатно ќе добие само 52.000 дози од лекот, иако според планот тие треба да бидат над 142.000. Затоа, министерот за здравство на Бугарија Костадин Ангелов инсистира АстраЗенека итно да испрати 52.000 дози од лекот во Бугарија веќе утре, додавајќи дека земјата е подготвена да обезбедиме воздушен транспорт за оваа цел.

Во писмото се наведува и дека масовната вакцинација во Бугарија се движи со многу високо темпо. А со недостигот на вакцини, АстраЗенека „им ја одзема надежта на луѓето“.

Бугарија денеска постави рекорд по бројот на вакцинирани луѓе за еден ден. Од 7.30 до 17.30 часот по локално време се вакцинирани 18.900 бугарски државјани.

Scroll to Top