Трет ден по ред во Бугарија рекорден број на новозаразени од коронавирус

пред 4 години

Трет последователен ден со регистриран рекорден број на новозаразени во Бугарија.

Властите информираат дека за последните 24 часа во државата од Ковид-19 се заразиле нови 516 лица, додека седум лица ја загубиле битката со смртоносниот вирус.

Активни случаи позитивни на корона тестот се 6.816.

Бројот на хоспитализирани лица постојано расте, 1.063 лица се лекуваат во болниците низ земјата, од кои 56 се во единиците за интензивна нега.

Најголем број на новозаразени лица има во главниот град – 138, а на второ место е Пловдив со 51 нов случај на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, 23.259 лица биле заразени со Ковид-19 во Бугарија. 15.563 од нив биле излекувани, а 880 починале.

Scroll to Top