Турција воведува полициски час

пред 3 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави воведување на најригорозни мерки од почетокот на епидемијата со Ковид-19, што подразбира продолжување на полицискиот час во сите денови и преку викенд.По седницата на Владата, Ердоган изјави дека полицискиот час од денеска ќе трае од 21 до 5 часот секој работен ден и за викендите.За време на одредени периоди за време на полицискиот час, ќе можат да работат продавниците за стоки и услугите за доставување храна.

Луѓе постари од 65 години и помлади од 20 години, на кои им е дозволено да поминуваат само три часа на ден надвор, несмеат да користат јавен превоз. На семејни собири како свадби и погреби може да има најмногу 30 лица.

Бројот на новоинфицирани лица во земјата се зголеми на околу 30 000 за еден ден, со што Турција е една од земјите најпогодени од пандемијата. Властите вчера пријавија 31 219 нови инфекции и 188 смртни случаи.

Scroll to Top