Турција е осудена од Европскиот суд за човекови права поради затворањето на опозициски новинари

пред 3 години

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Турција поради ставањето во притвор во 2016 година на десет новинари од опозицискиот весник „Чумхуријет“, осомничени од Анкара за правење „пропаганда“ за организации прогласени за терористички“ од страна на турскиот режим, јави дописникот на МИА.

-Мерката притвор што им беше изречена на апликантите во контекст на кривичната постапка покрената против нив (…) претставува мешање во остварувањето на нивното право на слобода на изразување, оцени во својата пресуда судот од Стразбур.

Еден од жалителите, кој во притвор беше од 2016 година, на слобода беше пуштен дури во април 2018 година.

Scroll to Top