Турција и Русија заеднички ќе го следат примирјето во Нагорно-Карбах

пред 4 години

Турција и Русија денеска потпишаа договор за формирање на заеднички центар за следење на примирјето во Нагорно-Карбах, соопшти претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Тој тоа го рече во говорот пред пратениците на неговата владејачка партија „АКП“ во турскиот парламент, откако вчера руските мировни сили од Ерменија тргнаа во Нагорно-Карбах, пренесува „Ројтерс“.

Претходно беше постигнат договор за шестнеделно примирје меѓу Ерменија и Азербејџан.

Scroll to Top