Турција најавува воени вежби југоисточно од Крит

пред 3 години

Турција денеска издаде поморско известување за одржување воени вежби во областа југоисточно од Крит, пренесува Екатимерини.

Анкара вчера најави дека воените вежби ќе се одржат на 9 и 10 декември во водите меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо, а денеска издаде порака Навтекс.

Вежбите ќе се совпаднат со самитот на Европскиот совет што ќе се одржи на 10 и 11 декември и на кој треба да се донесе одлука за санкции против Анкара.

Scroll to Top