Уапсена сопругата на Навални

пред 3 години

За време на денешните протести во Москва е приведена Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални. Веста ја потврдија соработниците на Навални.

„Јулија Навални беше приведена од полицијата за време на мирна прошетка во Москва. Адвокатот не смееше да ја види, а полицијата дури не се претстави, не ги покажа документите, ниту ја наведе причината за апсењето“, напиша шефот на правниот оддел на фондацијата Навални, Вјачеслав Гимади.

Scroll to Top