ВИДЕО: На протестите во Русија приведена и сопругата на Навални

пред 3 години

Сопругата Алексеј Навални, Јулије е приведена за време на денешните протести за поддршка на затворениот опозиционер објави на Твитер неговиот тим.

„Јулија Навалнаја беше приведена на протестот! Слобода за Навални!“ гласи твитот од тимот на Навални.

Локалните медиуми јавуваат за над 1000 приведени на протестите во сите градови низ Русија. Полицијата во Москва не им дозволува на демонстрантите да одат по планираната рута. Тие сакаат да протестираат пред објктот каде што е затворен Навални.

Тој беше приведен пред две седмици веднаш по слетувањето на аеродромот во Москва.

Scroll to Top