Убиен рускиот крал на колбасите

пред 4 години

Рускиот бизнисмен Владимир Маругов, познат како „крал на колбасите“, денеска во неговата куќа во близина на Москва го убиле непознати напаѓачи.

Според информациите, тие сакале да изнудат пари од него.

Напаѓачите провалиле во куќата на рускиот тајкун и го убиле со самострел, а неговата сопруга успеала да побегне и да повика полиција.

Неколку напаѓачи провалиле во сауната во куќата и ги заробиле бизнисменот и неговата сопруга, барајќи пари од нив.

Маругов веќе бил мртов кога пристигнала полицијата.

Иако името на убиениот бизнисмен не е објавено во официјално соопштение, руските медиуми објавија дека е во прашање Владимир Маругов, сопственик на компанијата „Озорски колбаси“ и „Царство на месото“, кои се занимаваат со производство на колбаси.

Истражителите го пронајдоа самострелот со кој беше убиен Маругов, како и автомобилот на напаѓачот.

Scroll to Top