Упадна и седна во фотелјата на Ненси Пелоси со нозете на маса: Нема да се повлечеме

пред 3 години

Приврзаниците на Доналд Трамп кои протестираа во Вашингтон насилно упаднаа во зградата на Конгресот, а еден од нив се смести во канцеларијата на Ненси Пелоси, која вчера повторно беше избрана за претседател на Претставничкиот дом на Конгресот и остави порака за неа дека нема да се повлечат.

Демонстрантот кој седи во фотелјата на Пелоси на нејзината маса ги имаше кренато нозете и напиша на ливче: „Нема да се повлечеме“.

Во моментот кога демонстрантите влегоа на сила во Конгресот, и откако зазедоа еден дел од зградата, конгресмените меѓу кои и Ненси Пелоси беа евакуирани од полицијата.

Scroll to Top