Фаучи за извини за изјавата дека Британија пребрзо ја одобрила вакцината

пред 3 години

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи се извини за изјавата дека британските власти прерано ја одобриле вакцината против Ковид-19, велејќи дека тој има „голема верба“ во државните регулатори на таа земја.

Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, предизвика контроверзии со претходната изјава дека британските здравствени регулатори не ги проучувале податоците за студијата толку внимателно како Управата за храна и лекови на САД (ФДА).

Тој рече дека сакал да каже дека американските власти работат поинаку од нивните британски колеги, а не подобро, но неговите коментари не биле веродостојно пренесени.

– Имам голема верба и во научната заедница и во регулаторите во Велика Британија, и секој што ме познава мене и мојот однос кон тоа, кој е ист со децении, знае дека е така, изјави Фаучи за Би-Би-Си.

Scroll to Top