Фаучи очекува во САД да се создаде колективен имунитет наесен, кога 70 до 80 отсто од луѓето ќе бидат вакцинирани

пред 3 години

Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, изјави дека има список на приоритети за вакцинација, но истакна дека верува оти „приоритетите“ ќе бидат постигнати до април и дека сите ќе можат да се вакцинираат.

Во изјава за НПР тој додаде дека колективен имунитет може да се постигне до рано наесен, кога околу 70 отсто до 80 отсто од населението ќе биде вакцинирано.

Фаучи изјави дека луѓето се уште треба да останат внимателни во однос на посетите, дури и по приемот на вакцина, бидејќи тоа не обезбедува 100 отсто заштита.

– ЦДЦ постојано ги проценува овие работи. Во моментов … препораките за ова не се променија. Ние навистина сакаме да нагласиме дека првото нешто што сакаме да го направиме е да се осигураме дека сите постојано носат маска, изјави Фаучи.

Scroll to Top