Фаучи: Ќе ја примам вакцината на „Фајзер“, имам доверба во таа компанија

пред 4 години

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи денеска изјави дека ќе ја прими вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, доколку биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови (ФДА).

Тој потенцираше дека има доверба во таа компанија, како и во Агенцијата.

– Ѝ верувам на компанијата Фајзер. Имам доверба во ФДА. Тие се мои колеги со децении, научници од кариера. Ако вакцината биде одобрена, ветувам дека јас и моето семејство ќе ја примиме, изјави Фаучи за МСНБЦ.

Фармацевтските компании Фајзер од САД и германската Бионтек соопштија дека нивната експериментална вакцина има ефикасност од над 90 проценти во спречувањето на Ковид-19, врз основа на првичните податоци од големата студија, што претставува голема победа во борбата против пандемијата.

Scroll to Top